79
Остерсунд е
најпријатното изненадување во Лига Европа, клубот кој имаше најслаб рејтинг во
групната фаза, се избори за настап во шеснаесетфиналето.
Ждрепката во Нион
денеска им донесе атрактивен противник и средба со големиот Арсенал.
За медиумите од
„Островото“ е интересен фактот дека Остерсунд не постоел како клуб кога Арсен
Венгер седнал на кормилото на „Топчиите“.
Имено, Арсенал го
презентираше Арсен Венгер како нов менаџер во септевмри 1996, а Французинот
официјално започна да ја извршува работата на 1. октомври.
Остерсунд е
основан 30 дена поцона, односно на 31. октовмри 1996, откако три локални
клубови се споиле во еден.