Наполи остана единствен перфeктен во Серија А, еден час за Елмас (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Наполи стигна до нова победа во Серија А, совладувајќи ја Пиза во возбудлив натпревар со пет гола во рамките на четвртото коло.

Од првата минута на теренот во вечерашниот натпревар тргна и Елиф Елмас за првпат по враќањето во Неапол. сезонава беше стартер. Македонскиот репрезентативец остана на терен до 58-та минута, кога беше заменет од Ангуиса.

Елмас во првиот дел успеа да ја затресе мрежата, но неговиот погодок беше поништен поради офсајд. Сепак, Наполи го отвори резултатот преку Гилмор во 39-тата минута. Пиза израмни по час игра од пенал преку Нзола, но Спинацола со прекрасен удар во 73-тата повторно го донесе Наполи во водство.

До крајот Лоренцо Лука и Лоран погодија за конечни 3-2, со што „наполитанците“ ја потврдија својата перфектна форма. По четири кола тие остануваат единствениот тим со максимални 12 бодови на врвот од табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×