Вардар го доби заостанатиот меч со Академија Пандев, Хамбарѕумјан херој на „црвено-црните“

by
1 минути читање

Вардарци ги освоија трите бода од дуелот со Академија Пандев. Шампионот беше подобар противник, но за победата трепереше до самиот крај.

„Црвено-црните“ почнаа одлично, во 19. минута Блашевски шутираше од далечина, топката отскокна пред голманот Вујаниќ и заврши во неговата мрежа.

Во 33. минута Хамбарѕумјан постигна прекрасен гол од далечина зголемувајќи го водството на 2-0.

По 13. минути игра во второто полувреме Велковски направи прекршок за пенал, а Јани Атанасов беше сигурен од белата точка за намалување на 2-1.

Фелипе имаше фантастичен шут од далечина кој заврши во пречката од голот на Академија Пандев.

Во судиското продолжение од натпреварот ново ремек дело на Хамбарѕумјан за конечна победа на Вардар од 3-1.

Со овие три бода Вардар има -11 во однос на лидерот Шкендија и натпревар помалку, заостанат меч со Работнички.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани