Сари: Римското дерби во пладневен термин за мене беше пораз на фудбалот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Рома славеше над Лацио во големото „Дерби дела Капитале“ (0-1), но дел од вниманието беше насочено кон фактот што натпреварот се одигра во необичниот пладневен термин од 12:30 часот.

Објаснување понуди тренерот на „лацијалите“, Маурицио Сари, кој истакна дека причината била безбедносна, но притоа нагласи дека ваквата одлука претставува тежок пораз за општеството.

Дербито се играше во овој термин, на римската жештина. Сето тоа влијае на текот на мечот, а причината е секако од безбедносен аспект. Минатата година имаше многу повредени пред овие мечеви, но мислам дека вината лежи повеќе во властите, кои не можеа да гарантираат безбедност во друг термин. За мене ова е пораз за фудбалот, но и пораз за нашето општество во целост“, изјави Сари.

Хулиганските пресметки меѓу навивачите на двата римски клуба со години претставуваат голем проблем. Властите се трудат да воспостават ред околу стадионите, но досега резултатите не се според очекувањата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×