266
Арсенал и Манчестер Сити ги поделија бодовите во дербито на „Емирати“, Мартинели фантастично го лобуваше Донарума во 93. минута за реми од 1-1.
Габриел Мартинели на втор натпревар во низа се покажа како клучен играч од клупата за резерви.
Бразилецот со гол и асистенција донесе победа против Атлелтик Билбао во Лигата на шампиони, а вечерва го спаси Арсенал од пораз против Манчестер Сити.
Гостите поведоа на „Емирати“ со 0-1 во 9. минута, Халанд го матираше Раја за радост на „граѓаните“.
Момците на Пеп Гвардиола потоа добро одолеваа се до самиот финиш, кога Мартинели доби топка во фор и фантастично го лобуваше Донарума за 1-1 во 93. минута.