Баерн Минхен слави на гостувањету кај Хофенхајм со убедливи 1-4 во натпреварот од четвртото коло на Бундеслигата.
До оваа победа германскиот шампион беше предводен од страна на најдобриот фудбалер Хари Кејн. Англискиот голгетер постигна хет-трик и практично сам му пресуди на домашниот тим во Хофенхајм.
Првиот гол Кејн го даде во 44. минута, а потоа во вториот дел реализираше двапати од белата точка за 0-3. Куфал успеа да ја ублажи негативата за Хофенхајм, ама само накратко бидејќи Гнабри во судиското продолжение го постави конечниот резултат.
Победи на останатите натпревари забележаа Хамбургер против Хајденхајм (2-1), Фрајбург во Бремен против Вердер (0-3) и Мајнц кај Аугсбург (1-4).