И покрај тоа што има очајни резултати и е убедливо најлошиот тренер на Манчестер јунајтед во изминатите децении, Рубен Аморим цврсто верува дека неговиот систем ќе проработи.
Голем дел од елитните тренери кога ќе видат дека одреден систем не им функционира, прават промени, но не и Рубен Аморим.
Резултати нема, притисокот е голем, статистиката е очајна, но тој верува во својата тактика.
„Дали Сер Џим Ратклиф побара да го променам системот? Не, не, не. Ниту еднаш. Ниту Папата не може да го направи тоа“, вели Аморим.
„Ова е моја работа, моја одговорност, ова е мој живот“.
„Системот ќе има еволуција и ги правам работите на мој начин. Се надевам дека ќе има време да се промени работата“.
Засега Аморим ја има поддршката од врвот на Јунајтед, но се верува дека таа нема да трае уште долго.