Дојде како голема ѕвезда во Челси, но завршува многу неславно, Михаило Мудрик е под суспензија до 2029 година, а дотогаш сака да го промени спортот.
Челси за него плати речиси 100 милиони евра, но Мудрик ни од далеку не го оправда тоа. Играше во лоша форма, па падна на допинг тест и има забрана за настап до 2029 година.
Сега Мудрик сака да стане атлетичар и да настапи за Украина на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 година.
Мудрик ја има брзината, тој за време на меч од Премиер лигата постигна брзина од 36,67 км/ч, што тогаш беше рекорд. Таа експлозивност сака да ја претвори во успех на атлетските патеки.
Украинецот деновиве тренира со националната атлетска репрезентација под менторство на поранешни олимпијци.