Напаѓачот на германскиот
бундеслигаш Борусија од Дортмунд, 28 годишниот Габонец, Пјер-Емерик Обамејанг и
натаму е актуелен и се поврзува со трансфер во неколку гиганти од Европа.
Последен во низата
клубови во битката за потписот на Габонецот, на големо изненадување влезе и
англиски Евертон кој имаше катастрофален старт во новата сезона.
Наводно, тимот од
Ливерпул подготвил понуда вредна фантастични 70 милиони евра за Обамејанг, кој
е прва опција во јануарскиот преоден рок за новиот тренер на Евертон, Сем
Алардајс кој во него гледа идеална замена за Ромелу Лукаку, кој по заминувањето
од „Гудисон Парк“ остави голема впечатлива дупка во тимот која сега треба да се
„крпи“.
Обамејанг има важечки
договор со Борусија Дортмунд до 2020. година, се поизвесно е дека Бундеслигашот
ќе го продаде во јануари, но за тоа да го стори ќе бара убава понуда за
обештетување.