Тренерот на „ѓаволите“, Рубен Аморим вели дека состанокот со ко-сопственикот Сер Џим Ратклиф бил нормален, и тој и понатаму ја има поддршката на раководството на клубот.
Рубен Аморим под сериозен притисок откако Манчестер јунајтед го има најлошиот старт во последните 33 години, и се шпекулира дека стратегот добил ултиматум и три средби на кои треба да покаже дека заслужува да продолжи.
Оваа недела во тренинг центарот на „ѓаволите“ пристигна ко-сопственикот Сер Џим Ратклиф и ова само дополнително ги подгреа гласините за можен отказ на Португалецот.
На денешната средба со новинарите, Рубен Аморим беше запрашан за што се разговарало на состанокот со газдата.
„Нов договор, ми понуди нов договор“ – рече тренерот со насмевка на сликата.
„Не, се работеше за нормален состанок, да ми каже дека ја имам поддршката, дека се работи за долгорочен проект“.
Новинарот потоа го праша дали е свесен дека треба да носи победи, а Рубен Аморим порача: „Момци, секако дека ми е јасно ова. Ова е фудбалскиот клуб во кој притисокот веројатно е најголем, и сакам да почнеме да победуваме. Бележиме прогрес, но мораме да бидеме подобри во шеснаесетникот“.