Српскиот третолигаш Жељезничар Инџија се пофали со неочекуван потпис, откако го договори поранешниот кошаркарски репрезентативец Мирослав Радулица.
Поранешниот центар кој играше на највисоко можно ниво во кошарката сега ќе се проба во новиот спорт и ќе заигра фудбал во трета лига. Радулица веќе е регистриран и ќе може да дебитира од 7. коло во Српската лига – Војводина, кога Жељезничар ќе ја пречека Слога од Чонопља. Тој ќе го носи дресот со број 21 и вели дека главна цел му е да му помогне на клубот да обезбеди пласман во Првата лига на Србија.
„Се договоривме брзо и се радувам на првиот фудбалски тренинг“, изјави Радулица по потпишувањето на договорот.
Во кошаркарската кариера, српскиот ас настапуваше за Партизан, Црвена звезда, Анадолу Ефес, Алба, Панатинаикос и Олимпија Милано, а играше и во НБА за Милвоки и Минесота. Со репрезентацијата на Србија освои сребро на Олимписките игри во Рио, на Светското првенство 2014 во Шпанија и на Европското првенство 2009 во Полска.