Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Чаби Алонсо пред натпреварот против Марсеј имал состанок со Винисиус Жуниор и лично му го објаснил планот да ротира, па Бразилецот помирно ја прифатил веста дека нема да биде стартер.
Одлуката на Чаби Алонсо да го остави Винисиус Жуниор на клупа за натпреварот против Марсеј во Лигата на шампиони предизвика голема дебата во Шпанија.
„Ќе има простор за секој, никој нема да игра на секој натпревар, и никој не треба да се навреди доколку се најде на клупата. Потребен ни е целиот тим бидејќи распоредот е многу напорен“ – порача Чаби Алонсо по крајот пресметката со Марсеј.
Но многумина не веруваат во објаснувањето дека Чаби Алонсо сакал само да ротира, се шпекулира дека има лош однос помеѓу двајцата и недоволно залагање од страна на Бразилецот.
Но во емисијата Ел Чирингито беше објавено дека Чаби Алонсо имал средба со Винисиус Жуниор на која го информирал дека нема да биде стартер, и тоа со часови пред сите да го дознаат составот.
Стратегот очигледно знае како треба да се справи со денешните ѕвезди, па во детали му го објаснил планот да ротира, за сите фудбалери да биде инволвирани, и полесно да се склопат коцките во продолжението од сезоната.
Винисиус Жуниор го ценел гестот, особено што Чаби Алонсо не постапувал ваква со другите играчи, мал привилегиран третман кој ја ублажил неговата разочараноста што ќе се најде на клупата.