315
Денеска е третиот и последен ден од првото коло во Лигата на шампионите, а дербито е во Манчестер каде Сити ќе го пречека тимот на Наполи.
Интересно, Наполи со фотографија од Елиф Елмас го најави денешниот натпревар против Манчестер Сити.
Тоа може да значи дека македонскиот фудбалер ќе биде стартер на натпреварот, но тоа го знае само Антонио Конте.
Покрај дуелот меѓу Манчестер Сити и Наполи, големо внимание привлекува и пресметката меѓу Њукасл и Барселона.
Останатите дуели се: Клуб Бриж – Монако, ФК Копенгахен – Баер Леверкузен, Ајнтрахт – Галатасарај и Спортинг – Каират.