Португалскиот
репрезентативец и член на европскиот и шпански првак Реал Мадрид, Кристиано
Роналдо, очекувано, по петти пат во својата кариера, а четврти во последните
пет години ја освои „Златната Топка“ од „Франс Фудбал“, втор во конкуренцијата
заврши Лионел Меси од Барселона, а трет Нејмар од ПСЖ.
„Се надевам дека ќе
играм на ова ниво уште неколку години, се надевам дека битката со Меси
продолжува, работите се случуваат со причина, се чувствувам добро оваа сезона и
ќе видиме што ќе освоиме на крајот од годината. Нејмар има голем талент во
себе, голем потенцијал поседува, сигурен сум дека ќе ја има можноста во иднина
да го подигне овој трофеј“ истакна Роналдо.
Еден од најдобрите
фудбалери во историјата во 2017. година со Реал Мадрид го одбрани трофејот во
Лигата на шампионите, го освои првенството на Шпанија а одличната сезона ја
круниса со трофеи во Суперкупот на Европа кој се одигра во Скопје, како и
Суперкупот на Шпанија.
Со ова, Роналдо се
израмни со својот најголем ривал Меси кој исто, има пет награди во оваа
категорија. Ќе издвоиме дека минатите десет години Роналдо и Меси доминираат за оваа награда почнувајќи од 2008. година.