„Влаховиќ ја донесе брзината која му недостасуваше на Јуве“

by riste
0 минути читање

Легендарниот италијански стратег, Фабио Каптело го искоментира дуелот меѓу Јувентус и Борусија Дортмунд кој заврши нерешено 4-4.

Клучно беше влегувањето на Душан Влаховиќ кој даде два гола, а имаше и асистенција. Капело не штедеше пофалби за Србинот.

„Во второто полувреме екипата беше пожива и му создаваше проблеми на противникот, посебно по влегувањето на Влаховиќ. Тој донесе брзина која недостасуваше, беше клуч за пресвртот. Треба да му се каже браво на Тудор кој правовремено реагираше и браво за Влаховиќ“, рече Капело.

Влаховиќ не беше стартер, а интересно, сите четири голови Јувентус ги даде по влегувањето на српскиот напаѓач.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×