Арсенал со 2-0 победи на гостувањето кај Атлетик Билбао, а клучен за стартот со три бода во Лигата на шампионите беше Мартинели кој се покажа како идеален џокер од клупата.
Првото полувреме беше мирно, без многу конкретни шанси и на двете страни, но во вториот дел беше многу подинамично.
Во 71. минута во игра влезе Мартинели на местото од Езе, Бразилецот само минута подоцна постигна гол за водство на Арсенал од 1-0.
Мартинели беше важен и за вториот гол, во 87. минута му асистираше на Тросар кој ги постави конечните 2-0.
Гостинска победа забележа и Ројал Унион кој со 3-1 го совлада ПСВ во Ајндховен.