Како што пренесува Мирор, Рубен Аморим има три натпревари да покаже дека заслужува да остане на кормилото на „ѓаволите“, веќе се идентификувани пет кандидати за негов наследник.
Рубен Аморим е под огромен притисок откако Манчестер Сити му одржа лекција на Манчестер јунајтед во лутото градско дерби и славеше со 3-0.
Португалецот има најлош процент на победи од сите тренери на „ѓаволите“ во последните 80 години, а Манчестер јунајтед со четири бода по четири кола, го има најлошиот старт по сезоната 1992/93.
Вчера се пишуваше дека раководството на клубот и понатаму има верба во Рубен Аморим, но како што денеска објави Мирор, стратегот има три натпревари да си ја зачува работата.
Клубот од Олд Трафорд во следниот период игра против Челси, Брентфорд и Сандерленд, а потоа следи паузата за настап на репрезентации.
Па доколку резултатите не се подобрат, големи се шансите Манчестер јунајтед да ја искористи паузата за промена на теренот.
Мирор додава дека веќе се идентификувани пет кандидати – Оливер Гласнер, Марко Силва, Андони Ираола, Маурисио Покетино и Герет Саутгејт.