Барселона веќе има ново „чудо од дете“: На 27 натпревари постигна 100 гола (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Ламин Јамал со само 18 години важи за еден од најдобрите фудбалери во светот, но изгледа дека Барселона веќе го подготвува неговиот наследник. Каталонските медиуми пишуваат за новото „чудо од дете“ кое доаѓа од славната Ла Масија, Дестини Косисо Еџиофор Џон.

Станува збор за деветгодишен талент од Нигерија, најмладиот од тројца браќа кои се дел од академијата на Барселона.

Иако има само девет години, зад себе веќе остава бројки кои звучат неверојатно. Минатата сезона на 27 натпревари постигна дури 100 голови, а откако се приклучи во категоријата до 12 години, запиша 31 гол на 14 средби.Дестини може да игра на повеќе позиции во средниот ред, а поради стилот на игра дел од фановите го споредуваат и со Килијан Мбапе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×