Италијанскиот новинар Паоло Кондо жестоко удри по Манчестер Јунајтед со саркастична изјава по новиот пораз на „црвените ѓаволи“.
„Бог да го благослови Манчестер Јунајтед. Нема клуб во светот кој во последните 10 до 12 години подобро знае да уништи талент од нив. Денеска го видовме одличниот Хојлунд, минатата година Мектоминеј го однесе Наполи до Скудето, а да не ги заборавиме и одбраните на Де Хеа. Не можеме да им престанеме да им благодариме“, изјави Кондо.
Оваа негова изјава повторно го отвори прашањето за начинот на кој Јунајтед работи со талентираните фудбалери, со оглед на тоа што голем број играчи по заминувањето од „Олд Трафорд“ пронаоѓаат вистинска форма и остваруваат врвни резултати во други клубови.