Дибала: Кога почина мојот татко сакав да се откажам од фудбалот… Италија? Ме бараа, ги одбив!

by
1 минути читање

Пауло Дибала открива дека имал понуда да настапува за селекцијата на Италија, но истата ја одбил иако било голема чест што на негова адреса пристигнала таква понуда.

Ми беше понудено да
играм за Италија на мојата 19 годишна возраст. Тоа беше огромна чест за мене но
понудата ја одбив бидејќи јас сум Аргентинец, да прифатев тоа ќе беше
предавство…
“ истакна Дибала.

24 годишниот Дибала
открива и дека пред само девет години откако починал неговиот татко, низ
главата му се вртеле разни мисли, како и откажување од фудбалот.

Кога имав 15 години
мојот татко почина, клубот ми дозволи да се вратам дома на шест месеци, но тоа
не беше доволно, сакав да се откажам од фудбалот. Можеби ќе го сретнам мојот
татко повторно еден ден, луѓето не ја разбираат личната приказна да се биде
фудбалер, во повеќето случаи професионалните фудбалери се едноставни луѓе

додаде Аргентинецот.

Дибала од пред две
години почна да настапува за сениорскиот состав на Аргентина, засега забележа
12 настапи но познато е дека тешко се вклопува во играта на оваа селекција
заедно со Лионел Меси, па токму поради тоа тие двајца не се комбинираат во
почетните состави на Аргентина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани