Нема послаб премиерлигаш од Јунајтед од моментот кога Аморим седна на клупата!

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Сити му приреди вистинска лекција на градскиот ривал Манчестер Јунајтед и славеше со убедливи 3-0 во дербито од четвртото коло во Премиерлигата. Фил Фоден го отвори резултатот, а Ерлинг Халанд со два погодоци ја потврди победата на „граѓаните“. Двократен асистент беше Жереми Доку кој блескаше на „Етихад“.

Со овој триумф Сити ја прекина серијата од два порази и се искачи на осмото место со шест освоени бодови. Јунајтед остана на 14. позиција со само четири поени, еден повеќе од опасната зона. Ова е најслаб старт на „црвените ѓаволи“ во Премиерлигата уште од сезоната 1992/93 кога Сер Алекс Фергусон имаше ист биланс.

Посебно загрижувачки е фактот што откако Рубен Аморим седна на клупата на Јунајтед во 12. коло од минатата сезона, тимот има освоено само 31 бод на 31 натпревар со гол-разлика -13, што е убедливо најслаб учинок во тој период меѓу сите премиерлигаши.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×