Лука Модриќ испиша нова страница во фудбалската историја. Само неколку дена по прославата на својот 40. роденден, хрватскиот маестро со првиот погодок во дресот на Милан донесе голема победа против Болоња од 1-0 во Серија А и уште еднаш покажа дека годините за него се само бројка.
Клучниот момент на мечот на „Сан Сиро“ се случи во вториот дел кога Модриќ сам ја започна акцијата и со прецизен удар од работ на шеснаесетникот ја заврши по асистенција на Саелемакерс.
Хрватскиот ас, кој уште од дете навива за Милан, не можеше да замисли подобар начин да го прослави јубилејниот роденден и остварувањето на сонот.
„Беше тоа одличен начин за прослава. Победивме, што е најважно, а сега мораме да се фокусираме на следните натпревари. Се надевам дека луѓето повеќе нема да ми ги спомнуваат годините. Ова беше добар потег, Алексис ми даде сјајна топка и лесно беше да се погоди, повеќе е негова асистенција отколку моја завршница. Мислам дека целиот тим се бореше добро, натпревар по натпревар сигурен сум дека ќе бидеме посамоуверени, а кога ќе се вратат играчите и подобро ќе се запознаеме, ќе бидеме уште подобри“, изјави Модриќ.