283
Масимилијано Алегри во својата втора етапа на клупата на Милан тргна со пораз и две победи во Серија А. Последната беше над Болоња на „Сан Сиро“ со 1-0.
Во финишот на оваа средба италијанскиот стратег навистина се „чекира“ во Милан во свој стил. Алегри е познат како човек кој лесно се лути на судиски одлуки, а потоа луто го соблекува палтото во моментите на своето лудило.
Такво нешто се случи и во завршницата од средбата против Болоња, откако беше променета одлуката за пеналот за домашните.