Баерн Минхен синоќа
славеше со 3-1 на домашен терен против ПСЖ, му беше потребна победа од четири
гола разлика за да го освои првото место во својата група, но во тоа не успеа и
како второпласиран од таа конкуренција ќе патува во осминафиналето од Лигата на
шампионите.
Фановите на германскиот
првак повторно се најдоа во фокусот на вниманието, претходно фрлаа лажни евра
на гостувањето кај Андерлехт во Белгија реагирајќи остро на високите цени на
влезниците за нив како гостински фанови.
Овој пат, најскапоплатениот
фудбалер на денешницата, Нејмар беше нивната мета, пред него беа фрлани на
теренот лажни евра (500 евра). Интересно, банкнотите беа во ликот на Бразилецот.

Фановите
на Минхенски Баерн удрија и по УЕФА преку транспаренти, со оглед на тоа што
против нив Европската куќа на фудбалот отвори и истрага.

