Манчестер Сити ја прекина мини кризата и им се врати на победите во Премиер лигата на најдобар можен начин. „Граѓаните“ во градското дерби на „Етихад“ го надиграа Манчестер Јунајтед со убедливи 3-0 и на навивачите им приредија вистинска фудбалска вечер.
Пеп Гвардиола по мечот не го криеше задоволството од триумфот, нагласувајќи дека ваквите натпревари носат посебна тежина.
„Мораме да се подобриме, но вакви победи, особено во градски дерби средби, носат огромна радост за навивачите. Говорот на телото и духот беа неверојатни. Халанд никогаш не ме разочарал откако пристигна тука. Тој е посветен, а поради тоа доби таков договор. Навистина е специјален играч“, изјави стратегот на Сити.
Со овој триумф тимот од „Етихад“ повторно фати ритам и ја потврди доминацијата во градот.