Во светот на
фудбалот има малку тајни, па таква е и ситуацијата со „Златната Топка“, каде и
онака изборот не е голем, или ќе ја добие Лео Меси или Кристијано Роналдо.
Минатата недела
неколку медиуми „пуштија вода“ дека Лео Меси ќе се закити со оваа престижна
индивидуална награда, но речиси на сите им е јасно дека признанието ќе го добие
Кристијано Роналдо.
ЦР7 минатата сезона го предводеше Реал Мадрид до историски успех, и „Кралевите“
станаа првиот тим кој го одбранил трофејот од Лигата на шампионите. Кристијано
Роналдо беше прв стрелец во натпреварувањето а постигна и два гола во финалето
против Јувентус.
Тој исто така
помогна Реал Мадрид да ја прекине доминацијата на Барселона во Шпанија и да го
врати трофејот од Примера на Сантијаго Бернабеу.
Потоа го освои и
Суперкупот на Европа и Суперкупот на Шпанија, па и покрај тоа што сега не игра
во препознатливата форма, ќе биде чудо доколку тој не ја добие „Златната
Топка“.
Но ретко кој
очекува чудо, а Најк е толку убеден што веќе произведе копачки во чест на
новата „Златна Топка“.
Спонзорот на
Кристијано Роналдо подготви лимитирана серија од 1000 Најк Меркјуриал Суперфлај
V копачки кои го носат името
„Кинто Триунфо“ (Петти триумф со оглед дека ова ќе биде петта „Златна Топка“)
Долниот дел од
копачките е во златна боја, а петте датуми кога ЦР7 ја добил наградата се
впечатени во логото на Најк.