Арсенал сака да го „врзе“ еден од столбовите на одбраната со нов договор

by 24 фудбал
1 минути читање

Арсенал му понуди нов петгодишен договор на францускиот дефанзивец Вилиам Салиба, со кој тој би останал на „Емирати“ до јуни 2030 година, јавуваат британските медиуми.

Актуелниот договор на 24-годишниот стопер истекува во 2027 година, но „топчиите“ сакаат навреме да го решат неговиот статус, бидејќи интерес за него покажуваат европските гиганти, меѓу кои и Реал Мадрид.

Управата на клубот сака да ја продолжи соработката и со уште една клучна ѕвезда, Букајо Сака, чиј договор исто така е валиден до јуни 2027 година.

Арсенал во летниот преоден рок вложи околу 300 милиони евра во нови засилувања, а најголеми инвестиции беа направени за Мартин Зубименди и Еберечи Езе во средниот ред, како и за централниот напаѓач Виктор Ѓокереш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×