Фудбалерот со француски и алжириски пасош, Јасин Адли и официјално кариерата ќе ја продолжи на Блискиот Исток во редовите на Ал Шабаб.
Фудбалерот преку социјалните мрежи се збогуваше со фановите на Милан.
„Благодарам за сета љубов што ми ја пружавте. Ве молам застанете зад Алегри и тимот, заслужуваат поддршка. Јас сум и секогаш ќе бидам навивач на Милан, кога и да бев на теренот го давав максимумот и тоа е нешто кое никој не може да ми го одземе“, порача Адли.
Трансферот е вреден околу осум милиони евра. Адли пристигна во Милан во 2021 година, но веднаш беше ипратен назад на позајмица во Бордо. На „Сан Сиро“ главно беше во втор план и чекаше шанса како резерва.
Минатата сезона ја мина како позајмен фудбалер во Фиорентина, а својата кариера ја започна во ПСЖ, клуб во кој никогаш не доби вистинска шанса.