Рафаел Леао е под голем знак прашалник за натпреварот од третото коло на Серија А кој Милан го игра против Болоња во недела.
Португалецот веќе извесно време има проблем со листот и поради тоа тренира одвоено од остатокот на тимот. Лекарскиот тим не сака да ризикува со неговото враќање, а состојбата со повредата сè уште не е задоволителна.
Леао се повреди на натпреварот од Купот на Италија против Бари на 17 август, а сега извесно е дека ќе недостасува и на важниот дуел со Болоња, откако ги скокна дуелите со Кремонезе и Лече.
Ова е голем удар за тренерот Масимилијано Алегри, бидејќи Леао е еден од најважните играчи на „росонерите“ и неговото отсуство значително ќе го намали офанзивниот арсенал на тимот.