Верона се жали дека голот на Пандев бил од офсајд, Гоче порачува: Чим ВАР го призна, тогаш е регуларен

by
1 минути читање

Македонецот
синоќа имаше одлична партија на Бентегоди која ја круниса со погодок, негов прв
оваа сезона, со кој донесе три важни бода и ја извади Џенова од зоната за
испаѓање.

Но домаќините
имаат замерки и веруваат дека голот на Горан Пандев е од офсајд, поточно на
зачетокот од акцијата Таарабт се наоѓа во недозволена ситуација.

Од повторените
снимки се чини дека фудбалерот на Џенова навистина е најблиску до голманот на
домаќините, но судијата не досуди ништо.

За поплаките на
Верона, Горан Пандев вели: „Судиите на помош го имаат ВАР и чим видео
технологијата го призна, тоа значи дека е регуларен
.

„Мојот гол беше
многу важен, ни помогна да победиме, но тимот е пред се останато
. Триумфот и трите
бода се од големо значење, натпреварот беше многу тежок
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани