202
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го суспендираше фудбалерот на Атлетик Билбао, Јерај Алварез на десет месеци откако падна на допинг тест.
Тестот бил направен на 1 мај во полуфиналето од Лига Европа против Манчестер јунајтед, било утврдено дека фудбалерот во крвта има недозволена супстанца.
Атлетико Мадрид потврди дека тоа било ненамерно, Алварез сусптанцата ја примил од лек за опаѓање на коса.
„Во својата одлука, УЕФА признава дека немало намера кај фудбалерот за допинг, туку супстанцата е внесена при земање на лек против опаѓање на коса“, соопшти шпанскиот клуб.
Алварез од 2016 година игра за првиот тим на Атлетик Билбао, а досега настапи на 257 натпревари.