505
Давид Ханцко ова лето се пресели во Атлетико Мадрид за околу 26 милиони евра од Феенорд.
Сепак, тој на маса имаше и понуда од Ал Наср да се пресели во Саудиска Арабија. Феенорд беше отворен за таква продажба, но 27-годишникот реши да остане во Европа и потпиша со Атлетико.
Сега месец и половина подоцна проговори и призна дека понудата од Саудијците била неспоредлива.
„Ал Наср? Нема да лажам, ако ги споредам договорите во Атлетико веројатно ќе морам да играм 20 години за да заработам колку што тие ќе платеа“, призна Ханцко.
Во кариерата Ханцко тргна преку Жилина, потоа играше во Фиорентина, Спарта Прага и Феенорд.