21 годишниот Артур Мело
од редовите на бразилски Гремио е фудбалерот кој е поврзан со неколку гиганти
од Европа, станува збор за фудбалер кому му се предвидува блескава кариера.
Интер и Атлетико Мадрид
веќе имаат пријавено интерес за него, но се чини дека Барселона е клубот кој е
во пол-позиција за потписот на младиот Бразилец.
Артур се најде на
заедничка фотографија заедно со спортскиот директор на Барселона, Роберт
Фернандез и тоа во дресот на каталонскиот гигант.
Додека за некои
фотографијата сугерира на тоа дека Барселона нема никаков проблем да ја
активира откупната клаузула на Артур со Гремио која изнесува 50 милиони евра,
од бразилскиот клуб не се фуриозни околу шпекулациите.
„Спортскиот директор на
Барселона ми се јави, тој се извини за фотографијата. Од наш агол, не гледаме
причина зошто некој би ставал дрес од друг клуб, на фудбалер кој има важечки договор до 2021.
година“ изјави Андре Занота, директорот на Гремио.