236
Јакуб Кивиор откри дека за својот трансфер од Арсенал во Порто дознал преку Фабрицио Романо, што го изненадило самиот фудбалер.
„Видов „Here we go“ кај Фабрицио Романо за мене и почнав да добивам многу повици со честитки. Беше тоа на почетокот од тренингот со Арсенал и моите соиграчи се прашуваа што сè уште правам тука“, изјави Кивијор.
Полјакот ги потврди своите емоции при непредвидениот развој на настаните и откри дека информацијата го фатила во секојдневниот ритам на клубот.
Сега Кивиор се подготвува за новото поглавје од кариерата во Порто, каде ќе се обиде да го оправда очекувањето на португалскиот клуб и да ја покаже својата вредност на новата сцена.