Интер го искористи поразот на Наполи од Јувентус, убедливо го победи Киево и е нов лидер во италијанското првенство. Перишиќ со хет-трик беше играч на мечот.
Резултатот го отвори Перишиќ во 23. минута, една одбиена топка дојде до Хрватот кој ја смести во голот на гостите за водство на Интер од 1-0.
Во 38. минута убава асистенција од Брозовиќ до Икарди кој постигнува гол за сигурно водство на Интер од 2-0.
По 12. минути игра во второто полувреме една одлична соло акција на Перишиќ и негов втор гол на натпреварот за убедлива предност на Интер од 3-0. Во 60. минута Шкрињар со глава зголемува на 4-0.
Конечните 5-0 беа поставени во судиското продолжение од натпреварот кога Перишиќ комплетираше хет-трик за крај на убедливиот меч на Интер.
По 15 одиграни натпревари Интер е без пораз лидер во Серија А, Наполи има бод помалку, Јувентус два.
Фиорентина со 3-0 го совлада тимот на Сасуоло. Симеоне постигна еден гол, во листата на стрелци се запишаа и Верето и Киеза.
Болоња и Каљари одиграа нерешено 1-1.