Аканџи по заминувањето од Сити: Не беше убаво да се чуе тоа од Пеп…

by 24 фудбал
1 минути читање

Мануел Аканџи ова лето замина од Манчестер Сити и ќе биде позајмен во редовите на Интер. Иако минатата сезона забележа 40 настапи за клубот, преку ноќ го загуби својот статус во тимот.

Швајцарскиот репрезентативец откри дека Пеп Гвардиола сепак бил фер и јасно им кажал на дефанзивците дека двајца се вишок.

Јасно ни кажа дека од шест стопери ќе играат двајца, уште двајца ќе бидат на клупата, а за преостанатите ќе нема место и ќе биде тешко. Тоа не беше убаво да се чуе бидејќи секогаш посакуваш да играш. Уште ми е тешко дека одеднаш повеќе не сум дел од семејството на Сити, иако се чувствувам дека сум. Се се случи многу бргу, моето семејство и јас се чувствувавме удобно во Манчестер и ќе ни недостига тоа“, изјави Аканџи.

Освен за Манчестер Сити во кариерата Аканџи играше за Борусија Дортмунд, Базел и Винтертур.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×