Европскиот првак ПСЖ е во големи проблеми пред стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, откако во последните денови клубот го снајдоа серија малери кои би можеле сериозно да влијаат врз резултатите.
Тренерот Луис Енрике падна од велосипед и ја скрши клучната коска, поради што мораше итно да биде опериран и под голем знак прашалник е дали ќе биде на клупата за дуелот со Барселона.
Дополнителен удар за „светците“ е повредата на најдобриот играч Усман Дембеле, кој ќе паузира речиси месец и пол, како и на големиот талент Дезире Дуе кој ќе отсуствува околу четири недели поради проблем со листот.
Ова значи дека ПСЖ ќе биде сериозно ослабен за гостувањето на „Камп ноу“ на 1 октомври, во второто коло од групната фаза. Дуе евентуално би можел да се најде на клупата, но Дембеле е сигурно загубен за тој меч, а можно е и Луис Енрике да не ја предводи екипата од клупата.