Голманот на Беневенто го објасни својот херојски потег: Само замижав и скокнав (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Беневенто
испишуваше негативни рекорди и стана најлошиот тим во историјата (ако во
предвид се земат само петте најсилни првенство во Европа) откако 14 кола не
знаше за ништо друго освен за пораз.

Но лошата серија
е прекината откако попладнево „Вештерките“ одиграа 2-2 против големиот фаворит
Милан.

За овој бод
најзаслужен е голманот Алберто Брињоли, кој во 95. минута го матираше својот
колега Џиџо Донарума.

„Тешко е да се
опише, од клупата ми вела „оди, оди“, па истрчав во противничкиот шеснаесетник
бидејќи немавме што да загубиме и се надевав на најдоброто. Замижав, скокнав и
некако успеав да постигнам гол!
– го објасни својот херојаски потег голманот на Беневенто.

„Среќен сум, не
само за мене, туку за сите. Загубивме неколку натпревари во 90. минута, па
конечни и ние нешто да добиеме во последните мигови
.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани