Преодниот рок заврши, но Милан може да се засили со екс-фудблерот на Реал и Тотнем

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Милан би можела да добие ново име во одбраната и тоа поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Тотнем, Серхио Регулион , кој моментално е слободен агент.

Агентите на 28-годишниот лев бек им ги понудиле неговите услуги на Милан, па постои можност искусниот Шпанец да се пресели на „Сан Сиро“. Иако летниот преоден рок заврши, клубовите и понатаму може да регистрираат фудбалери кои немаат договор, што му отвора простор на тренерот Алегри да добие дополнителна опција во дефанзивната линија.

Регулион својата кариера ја започна во Реал Мадрид, а најголемиот успех го оствари во сезоната 2019/20 кога со Севиља ја освои Лига Европа. Потоа се пресели во Тотнем, за кој одигра 67 натпревари во две сезони, но следуваа и неколку позајмици во Атлетико Мадрид, Манчестер јунајтед и Брентфорд.

Минатата сезона повторно беше дел од Тотнем, но собра само шест настапи, по што си замина откако му заврши договорот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×