Наполи во новата сезона има рекорден буџет за плати, поголем за 45 проценти од претходниот!

by riste
1 минути читање

Италијанскиот шампион Наполи достигна рекордно ниво кога станува збор за буџетот на плати откако тој порасна за 45%, од 110 на 160 милиони евра.

Зголемувањето на расходите на плати е дел од новата стратегија за утврдување на клубот како еден од факторите во европскиот фудбал. По успехот во Серија А минатата сезона, амбициите на сопственикот Аурелио де Лаурентис драстично пораснаа, па тој се одлучи на нов чекор кој го носи Наполи на сосема ново ниво.

Растот на расходите е резултат на трансферите на неколку високо профилни фудбалери и продолжување на договорите на постоечките. Ромелу Лукаку има плата од шест милиони евра, Скот Мектоминеј три милиони, а новите летни засилувања Кевин де Брујне и Расмус Хојлунд ќе заработуваат над пет милиони евра по сезона. Тука е и Елиф Елмас кој летово се врати во клубот со кого има една титула во Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×