Талентираниот
фудбалер на Баерн Минхен, кој одлично се снаоѓа на неколку позиции во тимот,
постојано е на мета на гигантите ширум Европа.
Тој во разговор
со Билд сега откри дека учи шпански јазик, а весникот улови дека помеѓу белешките
на Германецот ја има и химната на Реал Мадрид.
Но пред
„Кралевите“ да почнат да се радуваат, а навивачите на Баерн Минхен да бидат
разочарани, Џошуа Кимих нема намера да замине од Алианц Арена, и учи шпански
само за да „тепа“ досада.
„Да одам секој
ден на тренинг и потоа да се враќам дома не е доволно за мене, па мајка ми
имаше идеја да почнам да учам друг јазик” – вели Кимих.
„Француски учев
на училиште, знам англиски, па бидеќи имаме многу Шпанци во екипата, решив да
учам шпански”.
Во тимот на
„Баварците“ има шестмина играчи кои зборуваат шпански: Рафиња, Тиаго Алкантара,
Артуро Видал, Хамес Родригез, Хави Мартинез и Хуан Бернат.
„Веќе разбирам
прилично доста, секогаш слушам што зборуваат во соблекувалната. Тие не го знаат
тоа”.