Англиските клубови од Премиер лигата повторно го срушија рекордот за најскап летен преоден рок, со вкупна потрошувачка од над 3,08 милијарди фунти, односно околу 3,64 милијарди евра. Најголемиот трансфер го направи Ливерпул кој за 125 милиони фунти (околу 148 милиони евра) го донесе Александар Исак од Њукасл, што е нов рекорд за трансфер меѓу британски клубови.
„Црвените“ беа и убедливо најголемиот потрошувач со вложени 415 милиони фунти (489,7 милиони евра), сума со која го срушија рекордот на Челзи од 2023 година. Освен Исак, на „Енфилд“ пристигнаа и Вирц, Екитике, Фримпонг, Мамардашвили и Леони.
Освен шампинот доста пари потрошија Челси, Арсенал, Њукасл, Манчестер Јунајтед…
Еве како изгледа листата на најголемите пет потрошувачи во Премиер лигата ова лето:
- Ливерпул – 489,7 милиони евра
- Челsи – 336,3 милиони евра
- Арсенал – 300,9 милиони евра
- Њукасл – 295 милиони евра
- Манчестер Јунајтед – 254,9 милиони евра