Има само 24 години но болно ја поднесе кобната грешка во финалето: Размислувам да се откажам од фудбалот… (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Бразилски Гремио е
освојувач на овогодинешната јужноамериканска Лига на шампиони, како што многумина
знаат да ја наречат Копа Либертадорес.

Гремио во финалето со
вкупни 3-1 од двата меча беше подобар од аргентински Ланус. Дома Гремио славеше
минимално со 1-0, а на гостински терен прв дојде до водство со голот на
Фернандињо во 27. Минута, а на голот му претходеше кардинална грешка на десниот
бек на домаќините Хосе Луис Гомез.

Иако има само 24 години,
дефанзивецот по синоќешната реванш пресметка размислува да стави точка на
својата кариера, воедно се извини на сите фанови на тимот.

Повреден сум, се
чувствувам многу лошо, немав убава ноќ, сакам да им се извинам на навивачите на
Ланус, заслужија да имаат победник во Копа Либертадорес, поради мојата грешка
таквата желба се сруши. Ќе бидам искрен и ќе кажам отворено, размислувам да се
откажам од фудбалот…
“ истакна Гомез по мечот.

Оваа година Гомез инаку
има и еден настап, дебитантски во дресот на сениорскиот состав на националната
селекција на Аргентина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани