397
Многу брзо заврши авантурата на Ерик тен Хаг во Бундеслигата, холандскиот стратег денеска доби отказ иако се одиграни само два натпревари од новата сезона.
Баер Леверкузен под водство на Тен Хаг не беше добар ниту во подготовките, а лошо ја почна и сезоната во Бундеслигата.
Во првото коло на домашен терен загубија од Хофенхајм, а во второто одиграа 3-3 против Вердер иако имаа водство од 3-1 и играч повеќе на теренот.
Резултатите плус лошата атмосфера која ја создаде Тен Хаг во тимот, беа доволни за раководството да се раздели со Холанѓанецот.