231
Денеска завршува летниот трансфер прозорец, а овој ден треба да се случат два мега трансфери меѓу Манчестер јунајтед и Астон Вила.
Од Вила Парк кон Олд Трафорд треба да се упати аргентинскиот голман, Емилијано Мартинез.
Манчестер јунајтед ги договори личните услови со Мартинез, клубовите се во завршна фаза на преговори за висината на обештетувањето.
Двата клуба паралелно се во преговори и за уште еден голем трансфер, овојпат во обратен правец. Џејдон Санчо би требало да се пресели во Астон Вила.
Во текот на денешниот ден треба да има потврда и за двата трансфери.