Mладиот Џеј-Џеј Габриел со само 14 години ги воодушевил луѓето во Манчетер јунајтед, а посебно се истакнал во тимот до 18 години за кој на последниот натпевар постигнал хет-трик за само 22 минути на теренот.
Тимот до 18 години на „црвените ѓаволи“ славеше победа над Дерби Каунти од 4-0, а Габриел во петтата, 14-тата и 27-та минута комплетирал хет-трик.
Навивачите кои се запознаени со неговите квалитети бараат да биде вклучен во првиот тим и тоа како замена за Гарначо кој се песели во Челси.
Засега нема најави дека Аморим планира да му даде шанса во првиот тим, но би можел да одработува по некој тренинг со сениорскиот остав со цел да прилагоди на нивото на фудбал.
Во тимот до 18 години досега собра три настапи и во нив веќе постигна пет голови. Поради стилот на игра на Островот го споредуваат и со ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал.