Суперталентот на Хамбургер кој не може да игра по 20 часот, па клубот „фаќаше врски“

by
1 минути читање

17 годишниот вундеркид стана првиот играч од овој милениум кој заиграл во Бундеслигата, како и првиот играч од новиот милениум кој постигнал гол во најсилното првенство на Германија.

Тој сега одново е во центарот на вниманието откако Хамбургер „фаќаше врски“ за Јан Фите Арп во петок да игра против Фрајбург.

Имено, законот во Германија не дозволува лица под 18 години да работат по 20 часот.

Средбата со Фрајбург започнува во 20:30, па Хамбурерг побара специјална дозвола за Јан Фите Арп.

Имено законот дозволува исклучок за музички перформанси, перформанси во театар и други преформанси.

Јан Фите Арп спаѓа под категоријата „други перформанси“. Ваква специјална дозвола во минатото бараше и Шалке за Јулијан Дракслер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани