Штутгарт реализира неверојатна продажба, откако одбија три понуди на Баерн Минхен за услугите на Ник Волтемаде, сега дадоа зелено светло за трансфер во Њукасл вреден околу 90 милиони евра.
Ник Волтемаде минатата сезона постигна 12 погодоци на 28 натпревари во Бундеслигата, па го привлече вниманието на неколку клубови.
Баерн Минхен пројави најконкретен интерес, шампионот на Германија испрати три понуди, последната вредна околу 60 милиони евра, но Штутгарт ги одби сите предлози и бараше повеќе.
„Баварците“ повлекоа убедени дека никој нема да плати толку многу пари, но пред крајот на преодниот рок пристигна понуда од Њукасл која не може да се одбие.
Голем број на извори доцна синоќа објавија дека на маса биле ставени 85 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.
Па Штутгарт го прифати овој предлог и даде зелено светло за Ник Волтемаде да патува во Англија на лекарски прегледи.
За Штутгарт ова не само што ќе биде рекордна зделка, ќе биде неверојатна продажба со оглед на тоа што беспари го ангажираа Ник Волтемаде пред само 12 месеци.