Реал има сериозна конкуренција за потписот на Икарди, напаѓачот е желба на уште три гиганти

by
1 минути читање

Аргентинецот одлично ја започна новата сезона и веќе има 15 погодоци зад своето име, па неговото име се почесто се поврзува со трансфер.

Во последно време се говори дека Реал Мадрид сака да го донесе Мауро Икарди на Сантијаго Бернабеу.

Напаѓачот има откупна клаузула од 110 милиони евра, сума која не ги плаши „Кралевите“, но шампионот на Шпанија и Европа се соочуваа со сериозна конкуренција.

За потписот на Мауро Икарди интерес пројавуваат уште ПСЖ, Челси и Баерн Минхен.

Дополнителен проблем создава и намерата на Интер да го продолжи договорот на својата ѕвезда. „Нероаѕурите“ сакаа да го направат Мауро Икарди еден од најплатените во Серија А но и да ја помести откупната клаузула на границата од преку 200 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×