161
По долга пауза поради повреда на коленото, Џузепе Роси му се враќа на фудбалот. Тој преку социјалните мрежи го најави враќањето во Серија А.
Италијанските медиуми најавија дека Роси потпишува за Џенова како слободен играч, а тоа значи дека не мора да го чека преодниот рок за да може да настапува за новиот тим.
Роси на 10. април по трет пат скина лигаменти на коленото, тоа беше негова петта сериозна повреда во кариерата.
„Добар сум и среќен. Сакам да им кажам здраво на фановите на Џенова“, изјави Роси.
Тој ќе му биде директна конкуренција на Горан Пандев кој на последните натпревари за Џенова беше стартер.